
Неискосена трева во месноста Бавчалук во Кочани опасност за граѓаните. Патеката која го поврзува спортско рекреативниот центар и патот кој води кон браната Градче едвај се познава бидејќи неискосената трева веќе ја покрива истата. Граѓаните кои спортуваат и се рекереиираат користејќи ја патеката велат опасна е за сите, пред сѐ за најмалите кои секојдневно се овде. Неколку пати до сега пријавувале во КЈП Водовод, но велат оттаму повратно нема ништо.
„За сите претставува опасност, за децата за старите, секој ден поручек народот е овде викенди си прават. Змии одат по неа. Што прават директорите таму нека земат да ја окосат“
Зошто тревата не е искосена и дали има реакција од страна на граѓаните по кои претпријатието не реагирало, го прашавме директорот на КЈП Водовод, Антонио Паунов. Во смс порака за М-Нет телевиизја Паунов исткана дека за точни и конкретни одговори треба да се консултира соработниците, бидејќи секој во својот домен е соодветно одговорен.
Лаура Стојанова М-Нет