Колку чини казната за регистриран див приклучок на вода?

Кражбите на вода во штипско никако да престанат. Секој месец се регистраат од пет до 10 кражби речиси во сите делови од градот. Ова е заради несовесноста на едни граѓани а последици трпат сите вели директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков.

„Континуирано тимот од наплатна служба за откривање на диви приклучоци месечно откриваат пет до 10 диви приклучоци, односно кражби на вода. Тоа е пред сѐ од несовесн и граѓани кои поради нив исплаќаат и други делови од градот, бидејќи таа кражба на вода доведува до дестабилизирање на водоводниот систем и намалување на притисокот на другите граѓани. Конкретно не можам да издвојам некоја посебна населба, бидејќи буквално низ целиот град откриваме диви приклучоци. Тоа се претежно граѓани кои имаат земјоделски површини, кои ги наводнуваат“ – кажа Здравков.

За сите регистрирани диви приклучоци селедуваа казни истакна Здрваков. Така на пример ако се открие див приклучок се сметаат во просек потрошената вода во изминатиоте 12 месеци по цената на водата и наплаќа. Конкретно ако се троши во порсек по 30 метри кубни вода месечно се множи со 12 месеци по цена од 35 денари, што значи ќе ве чини нешто помалку од 13 илјади денари.

„Според одлука на Управен одбор на ЈП Исар кога ќе се открие див приклучок, ние го санкционираме односно за една година наназад му ја фактурираме просечната потрошувачка, па така апелирам до граѓаните кои имаат диви приклучоци дека е неисплатливо истите да се користат бидејќи ќе создадат и нивни дополнителни трошоци, но ќе биде поведена против нив и кривична постапка“ – кажа Здравков.

Трендот со двиите приклучоци е проблем кој беше доста актуелен и во годините наназад.

Лаура Стојанова М-Нет