Нов кружен тек на влезот во Кочани за граѓаните е паметна одлука

Нов кружен тек на влезот во Кочани за поголема безбедност во сообраќајот за граѓаните. Градежните активности на терен веќе се започнат, a се очекува до крајот на месец септември истиот да биде завршен. За граѓаните в Кочани ова решение за изградба на нов кружен тек е оправдано. Велат дека ке се вози побавно и делумно ке се реши собрќајниот метеж кажаа во градот.

„Јас мислам дека е потребно овде да се направе , бидејќи многу тешко се вклучуваат луѓето“

За тоа од кога е започната изградбата до кога ке трае и колку средства се издвоени за изгрдба на кружниот тек и дали ке има уште изгрдба на нови кружни одговор побараваме од Влатко Димитров Раководител на секторот за располагање со градежно земјиште при општина Кочани. Тој во телефонски разговор за м нет телевизија истакана дека за изградба на кружни текови е започнато август минатата година и изградбата треба да заврши крајот на месец септември тековната година. Вкупните средста за реализација на овој проект изнесува 10-ипол милиони денари. Димитров истакна дека е предвидена изградба на уште еден кружен тек на дуплиот мост на улицата Стево Теодосиевски. Во меѓувреме Кочани доби пет нови кружни текови во изминатите две години.

Лаура Стојанова М-Нет