
Само трипати до сега е интеревенирано на пожари на градската депонија Трештена скала во Штип, за време на мандатот на новиот директор на ЈП Исар, Трајче Здравков. И во трите случаи санувало збор за помали пожари кои биле гаснати со помош на ТППЕ Штип за половина час. Вчерашниот пожар се брои во поажри за кои беше потребно подолго време да се изгасне, но истивремено тој е подменат од страна на се уште непознат сторител. Директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека пожарот е локализиран синоќа, а истиот е пријавен во СВР Штип и до надлежната инспекција, бидејќи сторителите треба да одговараат за ваквите дела. Од ТППЕ Штип истакнаа дека на терен се излегло со три противпожарни возила и осум пожарникари. Денеска од градската депонија немаше чад, а тоа го потврди и Здравков кој истакна дека не гори веќе и се работи на расчистување на истата. Дополнително на секој еден час екипи од претпријатието вршат наздор врз истата, со цел да не се повтори вчерашната слика.
Лаура Стојанова М-Нет