
Нова паркова површина со садници, летниковци, детски реквизити ќе добијат жителите од населба Сењак во Општина Штип. Новиот парк е изграден со сопствени средства на јавното претпријатие Исар , а во иднина се очекува секоја штипска населба да добие паркова површина. –
„Со сопствени средства согално програмата на ЈП Исар инвестиравме околу еден милион денари во уредување паркова површина во населба Сењак. Поставени се детски реквизити, клупи, садници, изградивме летниковци исто така овде е поставен и монтажен тоалет, така да граѓаните од населба Сењак ќе имаат еден прексрасен парк каде ќе може да го минуваат своето слободно време. Со уредување продолжуваме и на стотина метри од овде во населба Сењак, па потоа во Осми Ноември и сите други населби“ – кажа Здравков.
Новиот парк е во завршна фаза и ќе претставува катче кое ќе анимира граѓани од најмали до највозрасни.

„Привршуваме со последните подготовки и активности на ЈП Исар за пуштање во употреба на паркот во населба Сењак, кој се наоѓа веднаш до крстосницата во населба Сењак. Станува збор за едно ново катче кое што ќе анимира од највозрасни до најмлади наши сограѓани кои ќе имаат можност да го поминат своето слободно време. Паркот е направен со различни содржни“ – кажа Јорданов.
Истовремено во градот се работи и на други проекти, а во иднина ќе се започне со уредување на влезовите на станбените згради.
Јорданов упати апел до граѓаните да ги чуваат реквизитите и направените паркови содржини со цел да може да траат подолго време, бидејќи пред сѐ станува збор за пари на граѓаните.
Лаура Стојанова М-Нет