
Флаширана и техничка вода со цистерни денеска се подели во населбите во Штип кои заради дефект останаа со суви чешми. Градоначалникот Иван Јорданов заедно со екипи од ЈП Исар, противпожарната единици и во соработка со општествено одговорно компании ги посети домаќинставата кои на овие пеколни температури немаат вода за пиење.
„Обезбедени се два тона флаширана вода која ќе биде поделена во населбите кои се најмногу засеганти и каде што граѓаните имаат потреба од чиста вода за пиење. Оваа флаширана вода за пиење ќе биде поделена во сите домаќинства, но исто така со цистерните на ЈП Исар и на противпожарната единица ќе се обезбедува техничка вода за сите домаќинства во сите населби каде што има недостаток на вода за пиење се до момент кога ќе се отклони дефектот и ќе профункционира водоводниот систем“ – кажа Јорданов.

Граѓаните велат тешко е на вакви температури да се остане вез вода за пиење, но за поздрав е акцијата на Локалната самоупрва да им се излезе во пресрет на потребите на граѓаните.
Во оваа прилика Јорданов упати јавно извинување до граѓаните што се оставени во ваква ситуација и суви чешми на високи дневни температури.
На страниците на Општина Штип и ЈП Исар ќе бидат поставени листи и списоци каде и во колку часот ќе се дели вода во градот.
Лаура Стојанова М-Нет