Карго аеродром нема, а незивесно е и кога ќе почне реализацијата на линија два во Штип

Ниту карго аеродром, ниту водоводна линија два нема Општина Штип од средствата кои државата ги распредели по општините, откако се откажа проектот за изградба на аеродрмот во приградската населба Три чешми. Околу 1.200.000 евра се доделени на Штип за изградба на водоводната линија два, која ќе значи решавање на проблемите со водоснабдувањето во високите зони, но и ќе овозможи ширење и изградба на нови индустриуски објекти и инвестиции во бањскиот туризам. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека веќе неколку месеци се чека Владата да одлучи која фирма ќе ги изведува градежните работи.

„Сѐ уште немаме повратен одговор зошто не е започнат прокетот за реализација на линија два. Најголем дел од општините веќе ги имаат добиено средствата, веќе се завршени практично проектите, Општина Штип сѐ уште бара информација до каде е прокетот линија два. На неделна основа комуницираме дали имаме дополнителна информација во врска со овој прокет, сѐ уште немаме фирма која ќе го започне овој проект, се надевам дека час побрзо заради интересот на граѓаните линија два ќе започне. Праткично линијата се рпотега од населбата Балканска преку булеварот „Гоце Делчев“ кон населба Пребег до месноста Мери“ – кажа Јорданов.

Јорданов забележа дека искористувањето на овие средства е до крајот на 2022 година, но како што стојат работите од реализацијата на капиталниот проект засега не се знае ниту кога ќе почне.

Проблемите со водоснабдувањето се секојдневни во Штип, поради старата водоводна мрежа, но и се уште неизградената Водоводна линија два за високите зони на градот, жителите на неколку населби во Штип среде лето два дена беа со суви чешми.

Лаура Стојанова М-Нет