
Досегашниот тренер на фудбалскиот клуб Слога од Виница Никола Кузманов во новата сезона нема да биде тренер на клубот. Кузманов не успеа да се да се договори со виничани и по истекот на соработката заминува од клубот. Искусниот стручњак се заблагодари за довербата и се прости од фановите.
„ Заврши соработката со Слога, сакам да им се заблагодарам на навивачите во Виница за поддршката изминатата сезона, особено на играчите кој заеднички постигнавме одличен резултат..На Слога ѝ посакувам успех во наредната сезона изјави изјави Кузманов кој кој за МНет телевизија изјави дека во текот на летниот период ќе се знае и неговиот следен ангажман.
Одличниот стратег Никола Кузманов и фудбалскиот клуб Слога беа најголемото изнандување во Втората македонска фудбалска лига кои беа на чекор до влез во првата лига, меѓутоа во финишот на сезоната ја загубија борбата со Победа и Беласица.