Цената на лебот повторно покачена, ударот голем за граѓаните

Цената на дел од лебот од денеска со повисоки цени. Граѓаните кои од утринава си купиле леб велат поскап е дури за пет денари. Ова преставува дополнителен удар врз нивниот џеб, бидејќи и така цените на сѐ останато одат вртаоглаво во нагорна линија. Анектираните штипјани велат секој на свој начин ќе се справува со високите цени на производите и лебот, и ќе се купува колку што довозлуваат условите.

„Тоа е па плу, голем трошок. Кој како знае и умее така ќе преживее, секој за себе, народот е оставен на милост и немилост“

„Сега го земав лебот, 36 денари, овоа е мизерија, срамота е овоа“

Во дел од штипските пекари лебот сѐ уште е со иста цена, меѓутоа има најава дека од утре веќе ќе биде со нова цена. Николче Малинов е сопственик на штипска пекара, и како што истакна тој во телефонски разговор за М-Нет телевизија од утре цената на лебот ќе биде повисока за еден денар. Тоа значи дека истиот ќе се продава по цена од 36 до 38 денари, а се продава од 430 до 450 грама.

Покачувањето на цената на лебот е само едно во низата покачување на производите, за кои граѓаните велат едвај се преживува.

Лаура Стојанова М-Нет