
Мозаични инсталации ќе го красат Домот на култура во Штип. Во рамки на меѓународниот проект за интеракција на културите, од кој дел се и мозаични работилници со мозаик се разубавуваат јавните површини во градот. Две мозаичнии инсталаци ќе ја красат и зградата на Домот на култура.
„Станува збор за проектот на Здружението „Добредојде Македонија“ кое го одбраа Домот на култура како место каде што ќе се реализира овој проект, којшто се состои од мозаичната култура низ вековите и денешницата и продоложувањето на неговата форма и состојба. Важно е вмрежувањето на уметниците од Македонија и Бугарија, со што проекот треба да биде завршен до 3 јули. Ќе има две инсталации, овде е поставен „Универзумот“ од Александра Димитрова и делот од влезот ќе се оплеменува од уметницата Димитрина од Бугарија“, истакна директорот на НУЦК „Ацо Шопов“ – Штип, Горан Трајков.

Проектот ќе биде завршен до почетокот на следниот месец, по што предвидено е да има и свечено отворање на мозаичните инсталации. Поддршката секоја година доаѓа од некоја странска амбасада, а годинава тоа е Бугарската амбасада.
„Планирано е на 3 јули да има свечено отворање на овие мозаични инсталации, пришто очекуваме присуство и од Амбасадата на Бугарија, бидејќи проектот е поддржан од Владата на Република Бугарија. Сѐ зависи од динамиката на работа на инсталациите, но најдоцна до 4 јули би требало да се реализира отворањето“, додава Трајков.
Целта е да се промовира мозаикот како техника, но освен античкиот мозаик да се истакне и современиот мозаик. Здружението работи како катче за интеракција на културите, со што и ваквиот проект се спроведува во истата насока.
Ребека Спасова М-Нет