Дали финансиската ситуација во земјата дозволува одмор надвор од државата?

Цените на горивата секојдневно вртоглаво растат, високи се и цените на основните производи за живот, инфлацијата се зголеми на 12 %, а потрошувачката кошничка на граѓаните е потешка за речиси три илјади денари за четити месеци. Ова се најголем дел од причините порадо кои штипјани кои ги анкетиравме истакнаа дека за одмор оваа година убаво ќе размислат. Можеби, до некоја дестинација во државата на ден или два и тоа е се. За одмор надвор од границите на државата финансиски средства нема.

Според штипјани, и оваа година и покрај тоа што не е пандемиска, сепак, најверојатно ќе одмараат овде или во некоја од поблиските летни дестинации во државата. Одморите надовор од границите на државата сега се луксуз додаваат анкетираните штипјани.

Ребека Спасова М-Нет