Раздвижен и солиден пазар пред Задушница во Штип

Падната цената на краставицата, доматот, компирот. Најмногу се бара црешата и морковот. На денешниот пазар пред Задушница во Штип, задоволни и купувачите и продавачите. Цените се достапни за секого, развидежност имаше. По подолго време речиси сите акнетирани купувачи истакнаа дека пазарот е солиден, има и производство и ниски цени.

„Средни се цените, паднаа цените на доматот, комирот“

А, задоволни од раздвиженоста и побарувачката беа и продавачите. Пред камерите на М-Нет телевизија велат дека цените се речиси идентични како претходниот петок, со тоа што кај некои производи има и намалување.

„ Мора да се пофалиме добра е раздвиженоста, така да денеска е добар пазарот. Најмногу се бара овошјето, цреша, кајсија за Здаушница.“

Голема побарувачка имаше и на чинии и производи од глина во пресрет на Задушница. Денешниот пазарен ден во Штип може да се оцени како солиден од гледна точка ина купувачите и на продавачите.

Лаура Стојанова М-Нет