
-„Криминалниот тендер со стентови во Клиничката болница во Штип, беше само вовед во тоа што јавноста допрва ќе слуша. Веќе е направена шемата за нов криминален тендер, кој ќе се случува по веќе видено сценарио“ изјави денес координаторот на ОК ВМРО ДПМЕ Штип Иван Јорданов.Тој истакна дека Клиничката болница од Штип и покрај тоа што од пред неколку години поседува имунолошки анализатор од марката Абот Архитект, сега повторно доби нов таков анализатор, кој работи само со еден вид затворен круг реагенси, за кои набавка врши фирмата на Александар Јовановски – Жути. Според сознанијата на ОК ВМРО ДПМНЕ Штип тендерот за набавка на реагенсите кој се уште не е распишан, ќе тежи 8.300.000 денари.
За обвинувањата од опозицијата, се произнесе и раководството на Клиничката болница во Штип.
„Координаторот на Вмро ДПМНЕ во Штип , денеска повторно гледа матни зделки во тендерите на ЈЗУ Клиничка Болница Штип. Иако вчера виде криминал во сеуште незавршен тендер, денес се надмина себеси, па пронајде криминал во сеуште НЕРАСПИШАН ТЕНДЕР. Времето на тендери, во кое однапред се знаеше кој ќе го добие тендерот заврши. И после 3 години опозиција не можат да сватат дека може да завршуваат тендерите транспарентно , затоа што тоа беше несвојствено за нив. За тендерот за стентови, доколку заврши како што треба, само на еден стент ќе направиме заштеда од 2500 денари, а ќе набавиме двојно повеќе од лани. Двојно повеќе спасени животи, со помалку средства. Ако тоа е проблем, тогаш е на опозицијата. А за сеуште нераспишан тендер, смешно е да се дава одговор“ – стои во реакцијата од КБ Штип.
Славица Величковска