
Се повеќе децата од предучилишна возраст во денешно време имаат артикулаторни проблеми, односно неправилен изговор на гласови, неправилно читање, проблеми во совладување математички операции, проблеми со пишувањето и слично. Ова се должи на преголемата употреба на мобилните уреди и недоволната комуникација со дечињата, вели логопед Елена Ташкова. Според неа од 70 дечиња на пример во генерација, 30% имаат артикулаторни проблеми.
„Пред сѐ би истакнала кај оние дечиња каде постои успорен говорен развој, за жал можеме да констатираме дека во денешнината се поголем е бројот на дечиња кои имаат успорен говорен развој. Како логопед сум поборник на дигиталник содржини, на софтверски апликации за поттикнување на говорот. Една од основните причини во ова современо време е токму младите родители и давањето на современа информатичка технологија од многу рана возраст кај децата“ – вели Ташкова.
Децата интерација со логопед може да остварат од најрана возраст, односно од три години.
И две годишниот период со Ковид, го зголеми процентот на дечиња со пелтечење. Многу родители бараат консултации, бидејќи едноставно стресот си го прави своето, додава Ташкова. Според неа помалку користење на мобилните телефони и поголемо внимание на родителите би било вистински начин да се спречи и навремено да се интервенира кај дечињата кои имаат пробеми со говорот.
Лаура Стојанова М-Нет