Се реконструираат две улици во населба Пребег, Јорданов со став дека работата ќе се интензивира

Населба Пребег во Штип добива две реконструирани улици. Денеска започнаа градежните активности на два крака од улиците „Ристо Стојков“ и „Баница“, каде се вршеше припрема за асфалтирање. Според градоначалникот Јорданов, ова е уште еден пример за вложување во патната инфраструкутра на градот под Исарот.

„Претходно на оваа улица беше извршена промена на водоводната линија. Дополнително ќе се вршат уште неколку промени во следните два дена на одредени приклучоци на водоводната линија и очекувам во наредните денови да се постави и асфалтниот слој“, истакна Јорданов.

Како што додава Јорданов, во следниов период капиталните проекти ќе се реализираат со засилен интензитет, па освен овде, асфалтирање ќе има и во неколку други делови од градот, а ќе се продолжат и конзолите на река Отиња. Дел од проектите се однесуваат и на населбата Пребег.

„Во меѓувреме на неколку други локации започнуваме со градежни активности. Очекувам во наредниот период да се пристапи кон асфалтирање на ул. „Лески“ во населба Баби, на крак од ул. „Цвета Јованова“ во населба Сењак. Исто така, во наредните денови ќе ја започнеме и втората фаза од конзолите на река Отиња. Проширување на потегот од Гимназијата до училишето „Ванчо Прќе“. Нормално дека овде нема да застанеме во населба Пребег. Во план е реконструкција на детското и спортско игралиште, целосно осветлување, со нови содржини, уредување на парковата површина. Исто така, ќе санираме и други улици во оваа населба“, додава Јорданов.

Реконструкцијата на краци од двете улици во населба Пребег е во вредност од еден милион денари, пари од општинската сметка, а е на површина од 1600 м2 асфалтна маса.

Ребека Спасова М-Нет