Кочанските југоносталгичари денеска дефилираа со штафетата на младоста

Со носење на штафетата на младоста членовите на кочанското здружение „Јосип Броз Тито“ го одбележаа 25 мај. Денот на младоста, но и денот на роденденот на некогашниот лидер на Југославија, Јосип Броз Тито, ги одбележаа на достоен начин како што се одбележувало во некогашна Југославија, но и како што сега кочанските југоносталгичари ги одбележуваат секоја година во Кочани.

Претседателот Трендов потенцира дека е горд за тоа што можел да живее во таа држава, па затоа го одбежуваат и овој ден. Како што вели Трендов, основа на тогашнaта држава биле човековите и моралните вредности.

Група на граѓани заедно со претседателот на ова здруженија уште еднаш покажааа како се одбележува овој празник во нивното единствено здружение кое брои стотина члена.