
Новото друштво не е поради грижата кон граѓаните, туку за матни зделки и договори во четири очи, реагираат советниците од СДСМ и коалицијата. Според нив, советниците од ВМРО – ДПМНЕ дадоа „зелено светло“ за да се задоволат партиски интереси и за партиски вработувања.
„Од овде се отвора прашањето „дали ова правно лице ќе биде само параван за да се задволат тесно партиските интереси на ДПМНЕ, односно да се постават нови раководни кадри и да се реализираат нови раководни кадри и да се реализираат нови партиски вработувања за кои не е познато колку ќе ги чинат граѓаните“. Како до сега ЈП „Исар“ функционираше и ги извршуваше основните негови активности поради кое е основано за сега да се јави потреба од ново друштво кое наводно ќе преземе дел од обврските?“ – велат советниците.
Според директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков, станува збор за нормална одлука во овие кризни моменти, која би требала да го подобри функционирањето на јавното претпријатие.
„Сметаме дека со овој потег ќе можеме да функционираме со помали трошоци. Не се точни обвинувањата, управителот на тоа претпријатие е веќе вработено во ЈП „Исар“, вработените во тоа претпријатие се исто така од ЈП „Исар“. Ќе отстапиме простории за користење“, одговори Здравков.
Од СДСМ и коалицијата велат дека будно ќе ја следат состојбата околу формирањето и работењето на ова друштво, за кое Здравков потенцира дека нема да нанесе штета на граѓаните.
Ребека Спасова М-Нет