Утре во Штип ќе се изложи воена опрема од воената вежба на Криволак

Утре ќе се изложи воена опрема во Штип. Изложбата ќе се одржи во периодот од 16 до 18 часот, на ул. „Брегалничка“, наспроти Градскиот стадион во Штип. Ќе се изложи воена опрема на учесниците на армиите од Република Македонија, САД и Обединетото Кралство, кои се учесници на најголемата вежба “SWIFT RESPONSE”, која во моментов тековно се реализира на армискиот полигон Криволак.

Оваа изложба може да ја посетат сите заинтересирани граѓани од општина Штип и одблизу да се запознаат, дружат и поставуваат прашања на учесниците, како и за изложената опрема.