Паркираните автомобили по тротоарите во Кочани ја загрозуваат безбедноста на пешаците

Автомобили на улицата, на тротоарот, кој каде нашол слободно место таму го паркирал своето возило на улица Роза Петрова во Кочани. Од една страна се става под знак прашалник безбедноста на пешаците кои мора да се движат по коловозот заради зафатените тротоари, од друга страна опасност е и за останати учесници во сообраќајот. Граѓаните кои живеат во овој дел од градот велат совесноста да проработи и тротоарите да се користат за пешаците. Дополнително велат ваква е сликата низ целиот град не само на улица Роза Петрова.

„Оваа улица е широка, убава е сѐ, возила се паркирани секогаш, ама не е само овде вака е низ целиот град, многу автомобили малку паркинг места. Има надлежни, тие треба да водат грижа за ваквата ситуација.“

„Гужвите од колите паркирани по тротоарите, но доста коли има не само на Роза Петрова, дури комбиња се паркираат, заземале си ги трева си посеале“

За проблемот кој не е случај само на една улициа и само во една општина во Истокот одговор побаравме и од СВР Штип. Од таму посочија дека ќе се реагира и дека секое непрписно парикирано возило ќе биде санкционирано.

Проблемот со недостигот на паркинг места во Кочани треба да се реши со изградба на катна гаража што претставува и едно од предизборните ветувања на сегашниот градоначалник Љупчо Папазов.

Лаура Стојанова М-Нет