
Експресниот пат Крупиште – Кочани интезивно се гради. На него се поставени знаци за забрането минување и песок, но сепак има граѓани кој го користат истиот и минуваат по него. На делницата од село Крупиште до село Бање, кочанско секојдневно транизитираат автомобили, тешки товарни возила како и градежна механизација. Мештаните кои минуваат од овде велат го користат локалниот пат, бидејќи нивните обврски не можат да трпат, а безбедноста е ставена под знак прашлник.
„Мора да се снаоѓаме, ги искршивме возилата по овие патишта. Нема каде да се движиме, а мораме, ние имаме обврски кои мора да ги завршиме. Ние сме со сточарска дејност, нашата работа не чека. Проблем е и затоа треба што побрзо да се направи патот“
На патот во изградба нема ниту банкини, ниту сигнализација, од она што на лице место може да се забележи е дека возилата се приклучуваат од сите страни, без да се води грижа за нечија безбедност. Втората делница од експресниот пат Штип Кочани, односно од селото Крупишиште до Кочани се гради веќе пет месеци. Според наделжените истиот треба да биде завршен до септемеври месец годинава. Во меѓувреме, бидејќи истиот се користи доколку се случи сообраќајна несреќа одговорноста паѓа на несовесните возачи. Вакви примери имаше и во текот на изградбата на автопатот Штип-Миладиновци.
Лаура Стојанова М-Нет