ТМВ оштети шахта во центарот на Штип, опасност и за пешаците и за возачите

Според гледачи на МНет телевизија, денес во попладневните часови, тешко товарно возило ја оштетило шахтата во центарот на Штип, на ул. “Христијан Тодоровски Карпош” во близина на Здравствениот дом “Панче Караѓозов” и претставува сериозна опасност и за возачите и за минувачите. МНет телевизија ги извести надлежните институции за да се санира шахтата.