
Повеќе од два милиони денари долг на ЈП „Плачковица“ во Општина Карбинци веќе е раздолжено. Градоначалникот Виктор Паунов истакна дека наследиле долг од 20 милиони денари, а досега два милиони веќе се вратени. Но дополнителен удар се високите сметки за електрична енергија, кои се за трипати поголеми споредбено со истиот период минатата година. Сепак, Паунов е оптимист во врска со справувањето со оваа состојба.
Сметката за електрична енергија треба да се намали со приклучувањето на Општина Карбинци на ХС Злетовица. Паунов истакна дека во тек е и изградбата на филтер станицата, а распишан е и тендер за приватен добавувач кој ќе ја снабдува Општината со струја.
До крајот на летото, според Паунов, сите активности би требало да бидат завршени, со што општина Карбинци ќе добива чиста вода за пиење од ХС Злетовица. Со ова, впрочем, би се решило и водоснабдувањето во неколку населени места во општината каде ова претставува поголем проблем. Цевководите опфаќаат 18 километри и осум населени места.
Лаура Стојанова М-Нет