
Наместо кал и прашина граѓаните од населбата Света Недела ќе добијат нова улица. За првпат ќе се асфалтира оваа улица во Штип. Градоначалникот Иван Јорданов денеска го означи стартот на активностите кои ќе се изведуваат за поставување асфалтна маса на оваа улица. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината.
„Се наоѓаме во населбата Света Недела, дузлачки рид. Овде се изведуваат градежни активности за асфалтирање на улица која е со површина од илјада метри квадратни, на која се поставува асфалтна маса за прв пат. Станува збор за улица која е била во кал и прашина. Средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Штип од парите на граѓаните во износ од 650 илјади денари.“ – кажа Јорданов.
Во оваа прилика Јорданов истакна дека ќе се продолжи со асфалтирање на повеќе улици во град Штип, но приоритет ќе се даде на улици кои никогаш досега не биле асфалтирани.
„Нашата тенденција е да ја подобриме патната и целокупната инфраструктура на цела територија на Општина Штип. Приоритет им даваме на улиците кои досега никогаш не биле асфалтирани, но исто така нема да ги заборавиме улиците кои се руинирани и кои треба дополнително да се асфалтираат“ – додаде Јорданов.
Во Штип најавената градежна офанзива започна со подобрување на дневните темепратури и можноста асфалт да се постави на улиците кои не беа во добра состојба.
Лаура Стојанова М-Нет