42 години од смртта на Тито и само добри спомени од неговото време за анкетираните кочанчани

На денешен ден пред 42 години почина Јосип Броз Тито, во Љубљана три дена пред неговиот 88 роденден. На погребот на Тито присуствуваа над 700 илјади граѓани, а за неговите дела и животот во негово време граѓаните во Кочани сѐ уште имаат само позитивни искуства и мала носталгија. Тогаш велат плата имаше за сите, ред и дисциплина, здравство.

„Паметење од Тито имаме големо и тоа треба во историја да влезе. Тито додека беше претседател беше живот добар за сите граѓани плус стандардот не беше како денешниот. Имеш здравство, економија добра, живот имаше, детски додаток се даваше, сѐ„

„Подобро се живееше, плата за сите, одмор за сите, слободно патувавме од овде до Германија, низ цела Југославија каде сакаш таму седнеш одмореш“

Споредбено со животот денеска кочанчани велат многу е поразлично, односно времето на Тито не може да се повтори уште еднаш. Тогашниот живот денешните генерации немаат можност да го живеат и затоа не ја сваќаат смислата на нивата носталгија кон титовото време. Јоспи Броз Тито е роден на седми мај 1892 година во Кумровец, а починал на 04 мај 1980 година во Љубљана.

Лаура Стојанова М-Нет