Поскапена цената на еколошката такса при регистрација на возилата

Еколошка такса при регистрација на моторно возило на 01 април годинава и 25 април со различна сума. Имено, доколку возилото е регистрирано на почетокот на месец април цената за еколошката такса е пониска, за разлика од крајот на месецот кога таа цена е покачена. Граѓаните реагираа до нашата редакција. На што се должи ова покачување одговор побаравме од Министерството за животна средина и просторно планирање. Од таму одговорија дека станува збор за измени и дополнувања во Законот за животна средина, во врска со надмостоците кои се плаќаат при регистрација на моротни возила кои стапија на сила од 17 април.

„Во горенаведените измени се прави поделба на висината на надоместокот за животна средина согласно на категоријата на моторни возила кои се врши регистрација (согласно номенклатура М1, М2, М3, N, L), понатаму, и староста на возилото (години на страрост), и зафатнината на моторот на моторното возило. Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање достави допис до сите Станици за технички преглед на национално ниво, во насока на Информирање на новитетите на измените на Законот за животна средина во основна функција на унифицирање на начинот на водење, евиденција и изработка на извештај за уплатениот надоместок, во периодот што следи (до крај на месец Април 2022 година)“ – кажаа од министерството.

Од таму додадоа дека стручните служби во министерството ќе пристапат кон изготвување на нови договори за направените измени во Законот.

Лаура Стојанова М-Нет