
Не знам зошто владата е толку исплашена дека желбата за повеќе права и достоинствен живот е политички мотивирана, истакна денес од Штип лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со штрајкот на просветните работници. ВМРО – ДПМНЕ секогаш ќе биде на страната на професорите и наставниците, додава тој.
„Најпрво велеа пионот Јаким Неделков на Мицкоски и на ВМРО. Гледам дека Неделков сега стана нивен добар коалиционен партнер, тој си знае зошто и како. Јас сум пред сѐ просветен работник, универзитетски професор. Како професор и како педагог, едноставно, јас немам друг избор. Ако од едната страна е корумпирана и криминална влада, а од другата страна се наставниците и професорите, јас знам дека наставниците и професорите, секогаш, ќе бидат мојот избор и изборот на ВМРО – ДПМНЕ. Тоа се луѓето коишто треба да создадат генерации млади луѓе како овие деца овде коишто утре и задутре ќе ја градат Македонија“, истакна Мицкоски.
Според Мицкоски, макар и ваквите штрајкови да се за да падне владата, ако таа влада е силна, на избори повторно ќе победи. Тој додаде дека владата се плаши од пораз и затоа грчевито се држи за своите фотелји.
Ребека Спасова М-Нет