
Израелската амбасадорка во Македонија денеска во Штип. Се оставри средба со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, а главна тема на дискусија беа идната соработка меѓу Израел и Општина Штип. Јоданов истакна дека од огромно значење е поддршка која Израел ја дава на Општина Штип и на Македонија.
„Остваривме заедничка средба и со Претседателот на Еврејската заедница во Македонија, Пепо Леви. На средбата разговаравме за идната соработка којшто треба да се продлабочи на економски, културен, здравствен, образовен план. Досегашната соработка која ја имаме со еврејската заедница која има оставено длабоки траги во функционирањето на нашата општина и треба да се даде поголемо значење во идниот период“ – истакна Јорданов.
За Амбасадорката на Израел во Македонија ова е прва посета во Штип и вели впечатоците се одлични. Соработката ќе има во иднина. Истовремено, по средбата со градоначалникот на Општина Штип, тие ги посетија еврејски гробишта.
“Вашето почитување на нашата Еврејска заедница, се запознавме со сите ваши културни и други аспекти во градот, дека тоа е универзитетски град, го почитувате нашето наследство и еврејското и во иднина ќе соработуваме“ – кажа Франкел.
За два дена ова е втора посета на Општина Штип од странски амбасадори. Со ова како што истакна Јорданов се продлабочува соработката и се зголемуваат инвестициите во градот под Исарот.
Лаура Стојанова М-Нет