Бројот на штрајкувачи во Штип расте, заменски кадар тешко да се најде

250 дечиња кои би требало да бидат згрижени во детската градинка „Вера Циривири Трена“ Штип седат дома. Причина за ова е генералниот штрајк кој се реализира петти ден по ред во училиштатта и градинките. Директорката на оваа детска установа, Софка Анастасова кажа дека од 87 вработени, 52 се вклучени во штрајкот. Заради тоа од вкупно 420 деца, згрижени се само 170. Градинката работи со 13 воспитувачки и пет дополнително вклучени лица преку проектот Општо корсина работа. На шести април тие поднеле барање за 18 заменски воспитувачки и 31 негувателка но истите не ги добиле. И ситуацијата на терен покажува дека од ден на ден се зголемува бројот на вработени кои се приклучуваат кон штрајкот. Според Јорданов проблемот е што Владата нема слух за ова и настануваат дополнителни проблеми на Локално ниво.

„Ние како општина искомунициравме со Заводот за вработување, таму немаме доволен број на кадар кој може заменски да делува затоа што истите треба да имаат соодветна лиценца. Проблемот не е едноставен, проблемот треба да се бара во Централната власт затоа што нема слух за ова кое што ги таргетира вработените во образованието и градинките“ – кажа Јорданов.

Во оваа прилика Јорданов се огради од одговорност и надлежност, бидејќи според нео единствен виновник за вака настаната ситуација е Централната Власт.

Истовремено, информации до Јорданов пристигнале дека се врши селективен прием на децата во градинките, за што директорката Анастасова не сакаше да коментира. Според нејзе децата се згрижуваат во групи по возраст.

Лаура Стојанова М-Нет