
Расад пипер, домати, јагоди во најголема мера се продаваа надвор од градскиот пазар во Штип. Продавачите од струмичко своите тезги ги имаа поставено на самите тротоари, бидејќи како што велат за нив место во пазарот нема, а ги гони и полицијата од тротоарите.
„Еве денес казнија не, не дават да продаваме, нема место никаде и што да правиме ние, каде да одиме со расадот. Нема никакви услови, не даваат да продаваме.“
„Бадијала на нашиот труд, преска дојде полиција, инспекција, сакаат да ни ја земат робата, не бркаат оти сме продавале на улица“
Дополнително на оваа апелираат до градоначалникот на Општина Штип, Јорданов да најде место каде пазарџиите од струмичко би ги продавале своите производи, а тие се подготвени да платат за тоа.
„Апел до градоначалникот на Штип, сакаме да ни најде плац, да не паркира, да си плаќаме како луѓе“
Според градоначалникот на Општина Штип овој проблем се провлекува со години наназад. Градскиот пазар е место предвидено за продажба на земјоделски производи и доколку сакаат да продаваат треба да си закупат тезга и да ги пласираат своите производи.
„Доколку сакаат да продаваат земјоделски производи треба да си закупат тезга или простор во градскиот пазар за да имаат соодветна дозвола за тоа“
Истовремен, референтот за наплата на тезги на пазарот во штип истакна дека место има доволно бидејќи градскиот пазар е со исполнетост од 50%.
Лаура Стојанова М-Нет