Православната црква денеска празнува Благовештение, празник посветен на мајката Божја

Денеска првославната црква го празнува празникот Благовештение посветен на Марија, мајка Божја, која го роди Исуса Спасителот. Христијанството учи дека Марија е онаа која Му ја даде човечката природа на Исус Христос и онаа во која се покажа спој на сите добродетели.

„Тоа е денот кога светиот архангел Гаврил ѝ се јави на Богородица, на мајката Божја, на младата Марија која беше даден на чување кај нејзиниот родина Јосиф, кога завршува нејзиното престојување во храмот во Ерусалим. Богородица постојано била во куќата, работела рачни работи и разговарала со децата на нејзиниот свршеник Јосиф кој бил во одминати години. Таа се клонела од секакви непотребни дружења и тогаш ѝ се јавил ангелот Гаврил, кој и претходно ја утешуваше. Денес ѝ се јави со друга причина и рече: „Радувај се, благодатна, ти ќе го родиш Синот Божји, Кој ќе го спаси светот“, па таа се исплаши“, објаснува отец Добрица Јанев.

Воведувањето на овој празник во животот на Црквата може со сигурност да се следи дури од VII век. Но постојат некои факти, според кои неговата историја би можела да го има својот почеток уште од многу порано, односно уште од III век.

Утре со почеток од 17:00 часот ќе се одржи последниот акатист на Пресвета Богородица, на кој ќе чиноначалствува митрополитот Брегалнички, г. Иларион.

Ребека Спасова М-Нет