
Пет млади членови од БК Олимпија дел од турнирот кој на први месецов се оджа во Стара Загора, Бугарија. Младата штипјанка Бојана Ковачева е единствена кој од турнирот се врати со медал за освоено трето место. Таа се натпреваруваше во групата до 42 килограми, во која се бореа уште десет ученсници, од кои Бојана издвои две победи и еден пораз. На петтото место заврши Андреа Нисева која се бореше во категорија до 50 килограми во која имаше 13 учеснички. На петто место заврши и Мелани Митевска која се бореше во категорија до 54 килограми во која учестуваа 13 учеснички. Овие три штипјанки членови на БК Олимпија беа најмали во своите категории, каде право да учестуваат имаа борачите родени 2007, 2008 и 2009 година. Веднаш зад нив на шестото место заврши Леон Стојанов во категорија до 52 килограми од 23 учесници. Во брбата Стојанов беше слободен во првото коло, во второто издвои пебда 4:2 против ученик од Бугарија со технички туш, а во четврт финалето загуби исто од ученик од Бугарија. Без пласман на турнирот во Стара Загора заврши и Марио Ананиев.
На турнирот од Македонија учество зедоа над 20 борачи од Штип, Радовиш и Прилеп. Во меѓувреме се прават анализи и поправки на грешките со што младите борачи се подготвуваат за следен турник. Истовремено, за седми април во 12:30 часот на плоштадот Слобода во Штип е закажан протест со кој ќе се бара крај на дискриминацијата и излез на правдата на виделени на членовите на БК Олимпија.
Лаура Стојанова М-Нет