
Официјално започнаа активностите за реконструкција на улиците во Исарот. Прво работа под земја, па поставување на бекатон плочи на сите улици, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Граѓаните по неколку децении добиваат нова канализациона и водоводна мрежа, со промена на азбестните цевки, а бекатон плочи ќе се постават на улиците „Пане Гочев“ „Стив Наумов“ и „Бел камен“.
„Овие жители долги години се соочуваат со проблеми со канализационата и водоводната мрежа. Затоа првично одлучивме да направиме целосна рекострукција на водоводната и канализациона мрежа, да инвестираме практично под земја, нешто што во минатото не било направено со години наназад, а веднаш потоа ќе продолжиме со поставување на бекатон плочи“ – кажа Јорданов.
Јорданов во оваа прилика повика и на трпение од страна на граѓаните од овој дел од градот, бидејќи работата на ЈП Исар овде е покомплексна.
„Денес започнува со реконструкација на канализационата мрежа. Се работи за мрежа стара повеќе од 40 години. ќе се врши целосна замена околу 250 метри обнова на канализационата мрежа, со што проблемот со фекалиите во овој дел од градот ќе биде минато“ – додаде Здравков.
За овој дел од градот повеќе се работи под земја отколку над земја вели Јорданов со оглед на фактот дека граѓаните имаат потреба од нов водовод и канализација.
Лаура Стојанова М-Нет