Дали по два натпревари ФК Брегалница ќе се врати како домаќин во Штип?

Следните два натпревари кои ќе ги игра ФК Брегалница како домаќин ќе се одиграат во Скопје и во Прилеп. Ова следи како одговр на неопходната итна санација на теренот на Градскиот стадион во Штип, вели извршниот директор, Емил Тодев.

„Санацијата и корекција на тревната подлога на стадионот во Штип е неопходна поради пропустите на теренот пред пет години. Заради тоа натпреварот Брегалница – Ренова ќе се одигра во Скопје, во недела, на 3 април, со почеток од 15 часот, а Брегалница – Работнички во среда, 6 април, ќе се игра во Прилеп. До натпреварот со Шкендија кој е закажан за 17 април градскиот стадион во Штип ќе биде максимално подготвен.“ – кажа Тодев.

Во врска со сезонските билети за натпреварите на „сините“, истите може да се искористат и на натпреварот во Скопје и на оној во Прилеп, додава Тодев. Тој додаде дека сите навивачи и симпатизери кои имаат сезонски билети ќе бидат привилигирани со посебни повластени можности за набавување на сезонските билети за наредната сезона.

Лаура Стојанова М-Нет