БК „Олимпија“ утре на Меѓународен турнир во Стара Загора, Р. Бугарија

Борачите на штипска „Олимпија“ ќе настапат на Меѓународен турнир во Стара Загора, Р. Бугарија. Меѓународниот турнир во слободна и класична борба „Динко Петров“ го организираат боречкиот клуб „Берое“ и Општина Стара Загора и истиот ќе се одржи утре.

За БК „Олимпија“ ќе настапат:

Бојана Ковачева – 42 кг,

Андреа Нисева – 50 кг,

Мелани Митевска – 54 кг,

Марио Ананиев – 48 кг и

Леон Стојанов – 52 кг.

Екипата ќе ја предводат тренерите Гордан Николов и Кире Нисев.

Денес од 17:00 часот во спортската сала на Деветтото ОУ во Стара Загора ќе се спроведе ждребувањето, а од 18:00 часот во истата сала ќе се спроведе и мерењето на кандидатите.

На Меѓународниот турнир учествуваат борачи од Русија, САД, Белорусија, Литванија, Латвија, Украина, Македонија, Косово, Турција, Романија, Словачка, Грција, Босна и Херцеговина, Унгарија, Србија и Швајцарија.

Ребека Спасова М-Нет