
Обид за кршење на вратата на гас станицата и поткршена цевка за кислород пријавена во Штип утринава. Имено, во полициската станица Штип овој случај е пријавен во 11:41 часот од страна на вработен во Клиничка болница Штип. Нешто подоцна се огласи и првиот човек на болницата доктор Ален Георѓијев кој на својот фејзбук профил напиша дека разбира сиромаштија, но не по цена на човечки живот.
„Има ли крај нашата нечовечност и дивјаштво??? Обид за кршење на вратата на гас станицата и свиткана и поткршена цевка за кислород ( намера или кражба? )… Па разбирам сиромаштија и пакост , ама не по цена на човечки живот!!! Таа цевка носи кислород што некому живот значи, но за вас ништо не е свето….
П.С. Пациентите за среќа не се загрозени…. “стоеше на неговиот фејсбук профил.
Од болниацта преку писмено соопштение истакнаа дека е направен обив за кражба на бакарна цевка на боца за кислород, но не е нпаравена никаква штета на боците, така да снабдувањето на кислород на Инфективното одделение се одвива нормално. Моментално таму се хоспитализирани шест пациенти од кои четири лица имаат потреба од кислородна поддршка.
Лаура Стојанова М-Нет