
Во сабота на 12 март извидничкиот одред од Штип организира прослава по повод роденденот и основањето на овој одред. За прв пат од отворањето пред четири години, годинава манифестацијата ќе биде отворена и од јавен карактер, а на истата младите извидници ќе дадат завет.
„По повод 22 февруари денот на извидништвото и четвртиот роденден на извидничкиот одред во Штип организираме мала прослава за организирање на овие два дена со тоа што во сабота со почеток од 13 часот ќе имаме мала прослава во дворот на Дом на млади, каде што младите извидници ќе имаат чест да дадат завет. Заветот претставува најсвечин чин во извидништвото, давањето завет и официјално ги прави децата извидници“- вели Тошиќ.
Извидништвото преставува најголемо младинско движење во светот, па извидни може да бидат сите заинтересирани млади и повозрасни граѓани, од седум до 77 годишна возраст. Одредот во Штип функционира четири години, во кои се организирани 300-400 работилници со млади, каде децата функционираат во помали групи јата или патроли по 10 -15 деца кои имаат свои водичи.
„Извидничкиот одред Штип моментално брои 94 членови од 6 – 7 години до 24 години. Во сабота се очекува некаде околу 40 млади да дадат свечен завет“ – додава Тошиќ.
На настанот во сабота се очекува да присуствуваат голем број на гости поканети од градот, регионот и целата држава. Покрај настанот членовите и присутните гости може да уживаат во дружбата со младите извидници.
Во извидничкиот одред во Штип членовите се во поголем процент девојчиња, односно соодносот е 52 спрема 48. Интересно е и забавно, се нуди дружба и забава додава старешината.
Лаура Стојанова М-Нет