Раздвиженост има, но не и побарувачка на цвеќе во Штип пред Осми март

Раздвижено централното градско подрачје во Штип на ден пред Осми март, денот на жената. На малиот плоштад во Штип, но и на неколку други локации продавачи веќе нудеа свежо цвеќе. Истото го имаа сторено и дел од цвеќарниците кои цвеќе изложиле и надвор од своите продавници. Позади објективот на нашата камера истакнаа дека денеска послабо се трошат цвеќињата, а причината за тоа не ја знаат. Цената е симболична и не е многу висока, додаваат тие, но има повеќе конкуренција, па како што велат, најверојатно влијае и тоа. Дел од граѓаните кои зборуваа пред камерите на М-Нет телевизија велат веќе купиле подарок, друг дел допрва ќе купуваат.

Осми март како Меѓународен ден на жената е прогласен во 1977 година од Обединетите нации. Оттогаш, празникот има симболично значење, посебно за државите каде што жените се’ уште водат борба за основните права и секаде каде што жените се жртви на насилство и нееднаквост.

Ребека Спасова М-Нет