Мицкоски: Нема ништо „швајцарско“ во моделот, на пензионерите им го враќаат украденото!

Нема ништо „шварцарско“ во „швајцарскиот модел“ на Владата за покачување на пензиите, смета лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Освен ова, не станува збор за никакво зголемување на пензиите, туку враќање на украденото во последните три години. Тендерите ќе си врват, а криминалот ќе си тече, вели Мицкоски.

„Тоа што им го украдоа на пензионерите и за коешто зборувавме уште пред три години се обидуваат сега да го санираат претставувајќи го како некој иновативен шварцарски модел. Тоа е практично законот од пред 2018 година, којшто оваа корумпирана Влада го донесе кога им ги намали пензиите на пензионерите и сега се обидуваат да го вратат тоа. Тука нема ништо швајцарско, можеби, само ако нешто останало од скијањето по швајцарските Алпи на раководството на СДСМ од оваа зима, ги потсетува на швајцарија“, рече Мицкоски.

Инаку, во однос на пензиите од страна на Владата е прифатен предлогот на пензионхерите за воведување нова методологија за порастот на пензиите врз основа на т.н. „швајцарска формула“. Истата подразбира учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата.

Ребека Спасова М-Нет