Ќе се потпише и последниот анекс за почнување на втората и третата фаза од проектот ХС Злетовица

Во четврток завршуваат подготовките на техничката документација за изградба на две фази во склоп на проектот ХС Злетовица. Имено, веќе во завршна фаза е реализацијата на првата фаза наводнување, а според министерот Николовски, наскоро ќе се распишат и тендерите за реализација на втората и третата фаза.

Инаку, првата фаза од ХС Злетовица опфаќа водоснабдување на општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Карбинци и Лозово. Со втората фаза – наводнување се предвидува наводнување на површини во општините Пробиштип и Кратовом а со третата фаза – енергетика изградба на шест мали хидроцентрали.

Ребека Спасова М-Нет