Реконструирана пробиштипската кино сала „Злетовски рудар“

Пробиштип конечно добива модерна и функционална кино сала. Вака Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, го оцени новиот проект при посетата на истиот. Проектот се реализира со финансиски средства од платежната агенција, а освен овој во изминатиот период се реализирани уште два поголеми проекта. Според Николовски, Општина Пробиштип е најдобар пример за соработка помеѓу локалната и централната власт.

„Има адреналинска патека, амфитеатар, катчиња за најмладите, фитнес зона, летниковци и многу други содржини, хортикултурно уредување и дополнително Општината го уредува овој дел. Паркот е одличен проект реализран преку Програмата за рурален развој. По една деценија Пробиштип доби модерна кино сала со капацитет од 360 посетители. Денеска гледаме како истата може да се обнови и подобри, со оглед на тоа што салата не била во функција. Сега истата може со гордост да го носи името „Злетовски рудар“ во чест на рударите од овој регион“, истакна Николовски.

Како што истакна градоначалникот Анастасов, паркот и кино салата се содржини за различни возрасти, па пробиштипјани ќе можат да уживаат и да го сочуваат направеното. Во домот на култура најави враќање на сите културни манифестации и дополнување со нови.

„Сакам да искористам прилика на моите соработници да им честитам за посветеноста, на луѓето во Општината коишто посветено работеа во период подолг од две години. Со оглед на ковид пандемијата, сето тоа навистина бараше многу посветеност и горд сум што реализиравме три капитални проекта“, додаде Атанасов.

Во 2019 година Општина Пробиштип аплицираше во тригодишната програма и доби близу 1 милиони евра за капитални проекти и со тоа како што рече директорот Бачовски, е еден од подобрите искористувачи на средствата.

„Општина Пробиштип е една од 80 Општини кои имаат користено средства преку програмата со капитални инвестиции. Програмата овозможува инвестиции покриени од наша страна како 100% грант, единствено за општините останува ДДВ“, додава Бачовски.

Финансиската поддршка за овој проект изнесува 17 милиони денари од Агенцијата и три милиони за ДДВ од Општината.

Ребека Спасова М-Нет