Билјана Тодоров е новиот советник во Советот на Општина Штип, на местото на Павлов

Билјана Тодоров е новата советничка во Советот на Општина Штип од редовите на СДСМ и коалицијата, на местото на Емил Павлов. Денеска на осматта редовна седница на Советот на Општина Штип, Петров ја потпиша свечената изјава со што и се верификуваше мандатот и Петров ќе има можност да одлучува за најдоборот за граѓаните во градот под Исарот.

„Согласно одребите од член 34 од Законот за Локална самоуправа, Советот на Општина Штип го сочинуваат 23 членови. Од известувањето од општинската изборна комисија Штип е утврдено дека нов член на Советот на Општина Штип согласно утврдената календарска листа на советници, од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ е Билјана Тодоров“ – кажа Здравков.

Тодоров доаѓа на местото на Павлов откако тој си поднесе писмена оставка до Претеседателот на Советот на Општина Штип, заради лични причини и целосна посветеност на спортот.

Билјана Тодоров е родена на 20 август 1973 година во Штип, а дипломирала на Педагошки факултет на Универзитетот „Гоце Делчев” Штип. Беше вработена на позиција виш соработник за активни мерки за вработување во АВРСМ –Центар за вработување Штип. Активно е вклучена во младинскиот инфо центар за промоција на активните мерки за вработување и центрите за образование на возрасни.

Лаура Стојанова М-Нет