Бројот на слободни ковид кревети во Штип и Кочани во пораст, хоспитализирани 26 пациенти

Намален бројот на хоспиталиизрани ковид пациенти во болниците во Штип и Кочани. Според последниот извештај од штипската болница во послендните 24 часа новопримени се четири лица, оздравени нема. Со тоа бројот на хоспиталиизрани на Инфективното одделение е 24, од кои 20 имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење. Вакцинирани се четири лица, а моментално слободни се 39 ковид кревети на Инфективното одделение при клиничка болница Штип, информираат од болницата.

Во кочанската Општа болница хоспитализирани се само двајца пациенти. Во изминатото деноноќие нема новопримени пациенти, а дома заминале две лица. Нема пациенти на кислородна поддршка, а хоспитализизраните не се вакцинирани, информираат од болницата.

Пад се бележи и во бројот на активни ковид случаи во општините од Истокот. Моментално активни се 119 пациенти, најмногу во Штип 57, во Кочани 31 и во Делчево 15. Воостанатите општини од Истокот бројката е едноцифрена и се движи од пет до два активни ковид случаи.

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера  во земјата се направени вкупно 1.889.266 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД – дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 297.081,бројот на оздравени пациенти е 283.908, на починати е 9.001, а бројот на активни случаи изнесува 4.172.

Лаура Стојанова М-Нет