Поставен хуманитарен штанд во Кочани, да се донира за Славица Димитрова

По повод празниците Св. Трифун и Св. Валентин денес и вчера во трговскиот центар во Кочани беше поставен продажен штанд од хуманитарен карактер за помош на Славица Димитрова која боледува од ретко генетско заболување на очите. Организатор на настанот е хуманитарецот Тоше Илијев и под мотото „Подарете љубов, подарете рака“ Илијев ги повикува сите хумани граѓани да купат од изложените предмет и со тоа да помогнат на Славица во лекувањето.

„Како и секоја година така и оваа по повод свети Валентин или вети Трифун сме овде присутни во градскиот трговски центар со хуманитарен штанд, кој исто така е продажен, на кој се продаваат плишени срциња, балони, свеќи во вид на срце и слично. Оваа година средствата од продажбата на овие реквизити ќе бидат донирани за Славица Димитрова од Кочани. Всушност таа самата е организатор на оваа хуманитарна акција, а ние како и секогаш се трудиме да помогнеме, да ја поддржиме и да ја оствариме нејзината цел и нејзината желба да ја победи болеста на очите и да ги види убавините на денот“ – кажа Илиев.

Како што додава Илиев, Славица Димитрова има и отворено сметка во банка на која што сметка сите хумани граѓани можат да донираат средства, кои не биле во можност да го посетат хуманитарниот штанд. Како подржувачи на овој настан се и волонтерните при Црвен крст Кочани кои апелираат до граѓаните да бидат хумани и да донираат.

„Ккао секоја година и оваа година ги поддржуваме хуманитарните акции и учествуваме во нив и сакам да им кажам на сите кои сакаат да донираат – да донираат, да подареме на некого среќа и пред сѐ да бидеме хумани“ – кажа Јованова.

Илиев со жалење пред нашата камера кажа дека хуманитарните акции во вид на штанд годиниве наназад бележеле мала посетеност од граѓаните. Но тој ја гледа и позитивната страна велејќи дека секогаш постоеле и ке постојат хумани граѓани. Тој воедно и ги поздрави спонзорите без кои неможело да се организира овој настан. Истовремено, Сите хумани граѓани можат да донираат и на сотворените телефонски линии.

Лаура Стојанова М-Нет