Пораст во бројот на хоспитализирани ковид пациенти во Штип и Кочани

Пораст во бројот на хоспитализирани ковид пациенти во болниците во Штип и Кочани. Според извештајот од штипската болница во последните 24 часа новопримени се 10 пациенти, дома заминал само еден. Со ова бројот на хоспитализирани е 61 од кои 57 на Инфективното и четири на Кожното одделение, но и 13 лица на дневна амбуланта. Од хоспитализираните 43 пациенти имаат потреба од кислородна поддршка и се приклучени на апарати за дишење, а вакцинирани се 17 лица. Една пациентка на 78 годишна возраст од Радовиш ја изгбила битката со ковид 19 во штипската болница. Слбодни се 17 ковид кревети, осум на Инфективното и девет на Кожното одделение, информираше портпаролот на Киничка болница Штип, Марина Шумнска.

Во кочанската болница во изминатото деноноќие овопримен е еден пациент, испишани нема. Со ова бројот на хоспитализирани е 10 на Интерното одделение од кои седум се вакцинирани , а четири лица се на кислородна поддршка.

Во општините од Истокот моментално активни се 488 ковид пациенти, најмногу во Штип 173 и во Кочани 152. Во сите останати општини од Истокот бројката е двоцифрена, вклучувајќи го и Делчево и Пехчево, каде има активн 71 односно 10 ковид случаи.

Според информации од Министерството за здравство заклучно со вчера во земјата се направени вкупно 1.821.672 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.872, бројот на оздравени пациенти е 257.956, на починати е 8.599, а бројот на активни случаи изнесува 12.317.

Лаура Стојанова М-Нет