Кровот на гимназијата – опасност, од менаџментот велат – реконструкцијата е приоритет

Граѓани испратија видео – снимки до редакцијата на М-Нет Телевизија од кровната конструкција на штипската гимназија. Велат, претставува опасност за минувачите и учениците и стравуваат за својата безбедност. Имено, на видеото може да се забележи дека ветерот ја подига кровната конструкција, но граѓаните велат дека ова не е нов проблем. Кровна реконструкција е поголема инвестиција, но од менаџментот на училиштето велат дека знаат за проблемот, а реконструкцијата е предвидена и е дел од годишната програма како приоритет.