
Солидна средба, вака оштетените граѓани од местото викано Чурлин во Штип ја опишуваат вчерашната средба со началникот на СВР Штип. Тие се задоволни од начинот на кој началникот им излегол во пресрет на нивните барања и се надеваат дека кражбите ќе останат во минатото. Ветено им е дека ќе се постави патролна полициска служба која ќе го обезбедува просторот кој е мета на кражби веќе подолг период.
„Имавме коректна средба, наидовме на разбирање од негова страна за проблемите кои ни се случуваат во последниот период. Од страна на началникот ни беше ветено дека за старт ќе бидат зголемени партолите во месноста Отиња, горни и долни Чурлин, секојдневно патролирање од полициските службеници, вклучувајќи го и манастирот Христово Воскресение“ – вели Лазаров.
Средбата со првиот човек на Општина Штип, Иван Јорданов се уште не е реализирано, но граѓаните се надеваат на истат бидејќи потребна е поддршка од Јорданов за реконструкција и пробивање на пат кој ќе води до Чурин.
Инаку, кражбите во местот викано Чурлин во Шип беа секојдневие. Крадците од викендичките носеа вредни предмети, но зад себе оставаа и пустош, вандализам и огромни штети.
Лаура Стојанова М-Нет