Наплатата на данок на имот во 2021 година во Штип намалена споредбено со претходно

Решенијата за данок на имот за правни и физички лица Општина Штип же ги изготви во предвидениот законски род до крајот на месец март. За сега се уште нема точна бројка на решенија кои ќе бидат изготвени, но актуелни се известувањата од страна на граѓаните во врска со имотот кој се користи или не се корсти.

„Општина Штип решенијата за данок на имот за правни и физички лица за 2022 година ќе ги изготви во законски предвидениот рок. Во моментот актуелни се известувањата од граѓаните кои ни стасуваат, а се однесуваат за дали некој имот се користи или не. Кога службите ќе ги обработат ќе се изготви кон изготвувањето на решенијата. Инаку, Општина Штип има за 2021 година 16 500 обврзници за данок на имот за физички лица и 360 за правни лица“ – кажа Каров.

Споредбено со годините наназад процентот на реализирана испалата на данок на имот 2021 година е со намален процент. Ова пред се се должи на ковид пандемијата, вели Каров додавајќи дека во минатото се користеле и други методи за наплата на данокот. Инаку, до 31 јануари мал е бројот на граѓани кои поднеле изјава за тоа дали имотот се користи или не.

„Претходната година наплата заклучно со 31 декемри е 61%“

Данокот на имот е годишен данок кој се плаќа на недвижен имот, со исклучок на оној недвижен имот кој е таксативно наброен како ослободен од овој вид на данок. Наплатата од данокот на имот влегува во Буџетот на општината и понатаму во реализација на инфрастуктурни и капитални проекти.

Лаура Стојанова М-Нет