Ристе Симеонов е најдобриот спортист за 2021 година во Кочани

Гимнастичарот Ристе Симеонов ја понесе титулата најдобар спортист за 2021 година во Кочани. На свечената манифестација која се одржа вчеравечер во Кочани беа доделени награди и признанија за најуспешните спортисти во Кочани за претходнта 2021 година. За Симеонов ова значи поттик и мотив за повеќе работа и поголеми успеси.

„Чувството е одлично. Сигурен сум дека сите спортисти во овој град сите сакааат да го добијат ова признание, ова е нешто што недостасуваше во мојата кариера и многу сум среќен и благодарен“ – вели Симеонов.

На настанот присуствуваа голем број спортисти, спортски работници, претставници од Локалната самоуправа. Признанија се доделија во пет категории и тоа најдобри, млади, надежни спортисти, тренер, спортски работник, најдобра спортска екипа и најдобар спортист на Кочани за 2021 година.

„По пауза од една година заради пандемијата, манифестацијата најдобар спортист повторно ја организираме во полно светло. Иако, неколку од клубовите не успеаја да се натпреваруваат, сепак поголем дел од нив се натпреваруваа и освојуваја награди. Асоцијацијата на новинари од Општина Кочани ги избираше спортистите, Општина Кочани ги обезбеди наградите и се останато“ – додаде Горгиева.

Покрај Симеонов, признанието за најдобра екипа за 2021 година ја добри џудо клубот Гладијатор, најдобар тренер отиде во рацете на Александар Андов, плакета за развој на кошарката во Кочани посхумно ја доби Сашо Лазарев Чапо.

Изборот на најуспешните спортисти на Кочани за 2021 година го направи Асоцијацијата на новинари – Кочани, врз основ на спортските успеси на пријавените кандидати во изминатава година.

Лаура Стојанова М-Нет