Викендов акциски контроли на СВР Штип за возење под дејство на алкохол и брзо возење

На 23.01.2022 на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 23 прекршоци, од кои 15 надвор од населено место и 8 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. На 22/23.01.2022, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 12 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози.