
Годишните талони за наплаќање на паркинг услугата во Штип ќе важат 12 месеци без разлика дали истата ќе биде купена во јануари или август. Ова денеска како новост го истакна в.д. Директорот на ЈП „Стипион“ Игор Ефтимов. Според него ова е еден од приблемите на кои најчесто реагираат штипјани и затоа дошоло до промените.
„Сакам да ја известам штипската јавност за уште една новина поврзана со годишните талони за паркирање. Имено, верувам дека штипјани веќе знаат дека годишните талони за вработените, за резидентите и за дистибутерите важеа календарска година. Тоа значеше дека талоно кој ќе биде купен во јануари и оној купен во јули или август траат до 31 декември таа календарска година. Ние воведовме промена, односно од наредниот месец талоните ќе траат тековно една година. Тоа значи дека талонот купен во јуни месец ќе важи до јуни месец наредната година“ – кажа Ефтимов.
Според информации од Ефтимов, продажбата на годишните талони за наплаќање на паркинг услугата во Штип е пуштена некаде околу 25 декември минатата година. До сега има продадено дополнителни 50 нови талони плус постојаните кои граѓаните си ги продолжуваат секоја година. Со ова се очекува продажбата да биде зголемена, а со тоа и проблемите на граѓаните решение. Цента на годишните талони во Штип е 4 000 илјади денари, откако истата беше намалена со доаѓањето на новиот директор. Истовремено праксата во изминатите години покажала дека годишни талони се купуваат најдоцна до февруари, а потоа граѓаните се одлучуваат за месечни талони.
Лаура Стојанова М-Нет